Ракетен напад врз Израел, ХАМАС испука над 5 илјади проектили, стотици повредени

Најмалку една жена загина, а повредени се над стотина жители на јужен Израел откако палестинската милитантна организација ХАМАС изврши огромен ракетен напад врз Израел.

На снимките кои се емитуваат се гледа како ракети паѓаат врз цивилни објекти, додека противвоздушната одбрана реагира за да ги неутрализира проектилите.

Во еден град на југот на Израел е предизвикан голем пожар. Екипите за спасување и итната помош ги извлекуваат ранетите и повредените.

ХАМАС ги објави снимките од активирањето на ракетите од палестинската област Газа и нивните водачи соопштија дека истрелале 5 илјади ракети.

Израелската војска најави воен одговор кон ХАМАС и ги повика граѓаните на најужните израелски населби да не излегуваат од своите домови откако беше објавена информација дека припадници на ХАМАС навлегле на територијата на Израел и пукаат кон случајни минувачи по улиците на нападнатите градови.

Ова е најголем напад на ХАМАС врз израелски цивилни цели во деценискиот судир меѓу радикалните и терористички палестински групи со Израел, по формирањето на државата Палестина.

извор: Телма