(ФОТО) Сортирање на чили -пиперки за три евра на ден!

Овие жени во Бангладеш сортираат милиони црвени чили-пиперки, движејќи се низ нив како во црвено море. Пиперките се распослани на површина од повеќе хектари. Тие прво една недела се сушат на сонце, а потоа работничките почнуваат со својата макотрпна работа за само три евра на ден.

Во речиси 100 фарми за чили-пиперки во регионот Богура, во Бангладеш, работат над 1000 работнички. Тие ги снабдуваат локалните компании за зачини со чили за нивните рецепти.

 

DW