Плусинфо: Полициските билтени се полни со вести за уапсени дилери на дрога

0
158

Полициските билтени се полни со вести за уапсени дилери на дрога, при што најчесто се спомнуваат марихуана и „бела прашкасата материја“, што е официјалното име за кокаинот, но се спомнуваат и таблети екстази, пари, и оружје.

Така, на 14 октомври во 00.25 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 20 и 24 годишнo лицe, двајцата од тој град.

Полицијата вчера лишила од слобода и двајца скопјани откако претходно кај нив била пронајдена прашкаста материја.

– На 13.10.2023 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. На 13.10.2023 во 15.25 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Ш.(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена  бела прашкаста материја – соопштува МВР.

На 13 октомври на булварот Македонија во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода В.Д.(41) од Делчево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во Делчево, при што била пронајдена поголема сума на пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Вчера во Скопје бил уапсен и државјанин на Франција, откако полицијата кај него пронашла поголема количина на марихуана.

– На подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.Г.(26) од Република Франција затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка – велат од МВР.

Вчера во 14.10 часот, на улицата Младинска во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода 18-годишниот Б. М. од Свети Николе. Тој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Свети Николе. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети екстази и пари, соопшти МВР.

 

 

 

plusinfo.mk