ВМРО ДПМНЕ: ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени

ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени.

Проекциите на ММФ се дека Македонија ќе ја заврши 2023 година со двоцифрена инфлација.

Во моментот Македонија има за 50% поголема инфлација од Еврозоната, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Бројките и фактите покаажуваат дека инфлацијата не е увезена, туку дека е во целост производ на неспособноста и криминогеноста на Ковачевски и Ахмети.

И наместо власта да презема мерки за намалување на инфлацијата, Ковачевски го зголемува ДДВ за 1000 производи, а со тоа и цените на најголем број од основните прехранбени продукти.

извор: ВМРО ДПМНЕ