На 28 октомври во кичевското село Извор ќе отпочне изградбата на црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица“ во близина на изворите на река Треска, за кое
од страна на Советот на локална самоуправа и Црковниот одбор на село Извор е
закажана прослава за светењето на темелите со почеток во 12:00 часот со културно
уметнички програм со настап на КУД Рацин и уште неколку солисти од Кичево и околните градови, на настан ќе присуствуваат повеќе од 600 посетители, од Кичево, Скопје и други градови од нашата држава.
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на самиот пат Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Селото е рамничарско, на надморска височина од 745 метри, од градот Кичево е оддалечено 14 километри. Низ селото минува патот кој ги поврзува селата Попоец, Иванчишта, Ехлоец, Кленоец, Горна и Долна Душегубица со регионалниот пат Кичево – Охрид. Селото е основано по Втората светска војна, околу некогашната железничка станица на вовчето Киро на пругата Кичево – Охрид. Селото било значајна сообраќајна, железничка и трговска станица за поврзување на Кичево со Дебар, Охрид и Струга, место за забава и социјализација, за одмор и рекреација покрај изворите на река Треска, големите ливади и пасишта, спомен обележјата од НОБ, шумите и ловишта.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Извор, во која
покрај селото Извор, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец,
Иванчишта, Кленоец, Малкоец и Попоец.
porta.mk