Во Скопје отворени пунктови за собирање хуманитарна помош за Украина

0
580

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ и Меѓународниот штаб за помош на Украинците во врска со настанатата хуманитарна катастрофа во Украина апелираат до граѓаните за собирање хуманитарна помош.

Пунктовите на собирање на хуманитарна помош за Украина се отворени во:

Магацин на компанија “Кодинг Горска” на адреса:
Ѓорче Петров, ул. Шарпланина бр. 4
секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот
сабота од 10:00 до 14:00

Шаторот за собирање на хуманитарна помош е поставен на Плоштад Македонија секој ден од 8.00 до 20.00 часот.