Укинување на железничките линии во земјата, но и оние линии кои Скопје го поврзуваа со градовите во регионот, повремени штрајкови на вработените во железницата, лоша состојба со железничките станици, застарени возови. Накратко ваква е состојбата со македонскиот железнички транспорт, а поради овие причини бројот на патниците во континуитет се намалува.
Исто така, во последниот период неколку пати веќе е редуциран возниот ред.
Од утре, 25 октомври се редуцира возниот ред за Битола. Возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат само еднаш дневно. Се укинуваат по два воза дневно. За патниците од среда ќе има само воз од Скопје за Битола во 14 часот и 30 минути. Повратниот воз од Битола за Скопје е во 3 часот и 13 минути.
ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација ‘Битола – Прилеп – Велес – Скопје’ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, соопштија од од Македонски железници.
Trtbalkan.com