Четири месеци по објавата на документарниот филм „Нечиста крв“ доктор Жан Митрев, заедно со неговите двајца адвокати одржа брифинг за новинари во неговата клиника. Повод за средбата со медиумите рече дека е молкот на институциите, кои досега не излегле со конкретни наоди дали болницата прекршила одредени закони за време на пандемијата, објави irl.mk.
Доктор Митрев рече дека болницата трпела финансиски штети, а дека тој и вработените во последните месеци поминувале низ голгота со проверките од страна на истражните државни органи.
Брифингот со новинари се случува во пресрет на екстензивна истрага за „Измама на пациенти“ во клиниката Жан Митрев водена од Јавното обвинителство – Скопје. И непосредно пред одлуката од страна на Граѓанскиот суд – Скопје за тужбата за клевета и навреда кон новинарите на ИРЛ.
Клучните пораки кои сопственикот на болницата ги испрати до јавноста беа дека не е воен профитер, не вршел клинички испитувања и хемофилтрацијата ја користел во строго пропишани услови.
Што тврди доктор Митрев, што заклучи МАЛМЕД
Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) му поднела прекршочна пријава на доктор Митрев затоа што клиничките испитувања кои ги вршел врз КОВИД пациенти не биле пријавени.
Текстот во целост на: irl.mk.
фото: irl.mk.