Кривична пријава за фалсификување пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од с.Пекљане, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и кривично дело „фалсификување пари“. Имено, на почетокот на јуни 2023 година, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил и се договориле да го купи телефонот. Откако ѝ дал четири банкноти од по 100 евра, таа се посомневала во нивната исправност и настанот го пријавила во полициска станица. По извршените проверки било утврдено дека парите се фалсификат.

фото: Архива