Македонија во првите земји по одлив на високообразовни кадри

0
12

За жал, нашите состојби во делот на емиграцијата се толку лоши што во суштина согласно податоците на Меѓународната организација за миграции нашата држава е во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата, истакна во Собранието главниот државен ревизор Максим Ацевски при презентирањето на Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија.

-Секако дека секоја држава, па и нашата треба да се грижи за својот вискокообразовен кадар да генерира политики и мерки кои во суштина ќе ја намалат емиграцијата. Не треба да гаиме илузија дека сите ние може да ја спречиме емиграцијата, бидејќи миграцијата е процес не само за нашата држава него, туку и за сите држави вклучувајќи ги и државите од ЕУ. Според Извештајот на Светката банка од 2020 година, скоро 40 отсто од високообразовниот кадар ја имаат напуштено нашата држава. А според Индексот на одлив на мозоци, нашата држава од 41 земја во ЕУ го зазема петтото место, рече тој.

Ацевски нагласи дека ваквите податоци говорат дека во суштина сите мерки и активности кои што требало да бидат преземени во периодот на предмет на ревизија не ги даваат очекуваните резултати во делот на спречување на одливот на високообразовните и стручни кадри, односно одливот на човечките ресурси кои што во суштина претставува вистинскиот капитал на нашата држава.

-Ако ги погледнеме податоците од надлежни државни институции коишто во суштина ги обработуваат, ќе констатираме дека имаме податоци според тоа што значи бројка кои се пријавени на надлежните институции односно МВР, а следејќи го нашиот пристап до внесување, а пред се пристапот на внесување на нашите граѓани кошто се отселуваат од нашата држава за нечесто почитување на законските одредби во делот на она што значи пријавување на својот престој или заминување на живеалиштето, ќе констатираме дека за 8 години скоро 90 лица заминуваат односно високообразовни кадри заминуваат од нашата држава. Но имајќи ја ревизијата на ДЗР дека во суштина споредено на овие податоци се податоците на ОН и податоците на ОЕЦД постојат фрапантни разлики во она што значи податоци од надлежните државни институции во нашата држава, но и податоци од меѓународните институции. За таа цел благодарение на меѓународните организации коишто го поддржуваат работењето на ДЗР, ангажиравме академски граѓанин, експерт кој во суштина направи соодветна заналица на годишно ниво, и којшто во суштина не се само 90 лица туку се 2.500. Ако тоа го помножиме со бројот на годините предмет на аналица ќе видиме колкав е бројот на лица кои заминале од нашата држава. Дали е преземено со тоа што требало да биде преземено или во суштина сме донеле одредена Национална стратегија за вмрежување, соработка со високообразовни кадри, од 2013 до 2020 година без притоа да биде формирано соодветно работно стручно тело, без притоа да имаме соодветен мониторинг, без притоа да имаме соодветни извештаи, а 2020 година да немаме ниту еден документ којшто ќе се занимава со одливот на високообразовните и стручни кадри. Но не застануваме тука, рече тој.

 

press24.mk