Според последните инфомации, по вчерашното приведување на осомничениот исламист во Дуизбург, истрагата ја презеде покраинското јавното обвинителство во Дизелдорф. Ова денеска го потврди портпаролот на полицијата во градот Есен.
Специјалните единици на полицијата вчера го приведоа 29-годишниот исламист од Дуизбург по „индициите за можно сценарио за напад“, соопшти полицијата во Есен. Според германските медиуми тој е осомничен за планирање напад врз произраелски демонстрации во германската покраина Северна Рајна Вествалија.
Осомничениот е приведен по полициска рација и претресот во неговиот стан, кој траел до доцна вечерта. „Истрагата продолжува со засилена брзина“, изјави портпарол на полицијата.
Медиумите во Германија исто така јавуваат дека тој е приведен врз основа на дојава од странски разузнавачки служби, кои на германските колеги им дојавиле за преписките на Тунежанецот во кои тој ги опишува своите планови. Наводно, 29-годишникот на интернет барал произраелски настани и џихадистичка содржина. Според информациите на германската новинска агенција ДПА,
тој на интернет исто така истражувал како да се влета со камион во учесниците на уличен собир.
Не е јасно дали веќе одлучил каде и кога сака да го изврши нападот.
DW