Библиотека со сауна во Финска

Во 2018 година, портите за посетителите ги отвори Хелсиншката „Ооди“. Централната библиотека на Финска се протега како бран меѓу главната железничка станица и зградата на финскиот парламент во престолнината Хелсинки. „Ооди“ е многу повеќе од класична библиотека. Има музички студија, медиумски простории и сала со „паметни ѕидови“. Таму, преку допир на екраните на „паметните ѕидови“ можете да се искуси 3Д-реалноста. „Ооди“ има дури и сауна.

 

 

DW