Она што го тврдиме го потврдија и експертите поранешни министри и советници на владата. Расипничкото трошење на јавните пари од страна на власта на СДС и ДУИ ја носи државата во банкрот. Владата го зголеми лимитот на домашното задолжување за оваа година од 350 на 500 милиони евра, а заклучно со септември веќе се задолжи со 420 милиони евра на домашниот пазар на државни хартии од вредност. Каматните стапки се исклучително високи и тоа за краток рок од една година се 4,25%, а за двегодишни обврзници се 4,75% и 5%.. обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓанските обврзници не се ништо друго освен вовлекување на граѓаните во амнестирање на трошењето на оваа влада, коешто секој ден се потврдува дека е коруптивно и ненародно.
А, податоците од фискалната стратегија за периодот 2024-2028 година се алармантни. Македонија треба да плати во овој период само за камати 1,8 милијарди евра, а за главница на долг којшто доспева 5,0 милијарди евра!
Сумата од државниот буџет само за камати во 2024 година изнесува 260 милиони евра, во 2025 година е 315 милиони евра, во 2026 година е 376 милиони евра, во 2027 година е 425 милиони евра и во 2028 година е 413 милиони евра. Или, во 2027 година дури 7% од приходите кои ќе се соберат ќе идат за камати. Или, каматните плаќања ќе достигнат 6,5% вкупните расходи, а само за пример, капиталните расходи на оваа влада од 2018 до 2021 година се во просек 8% од државниот буџет.
Високите суми за камати се одраз на алармантниот раст на долгот, којшто само во последните три години порасна за 2,7 милијарди евра. Светска банка потврди дека овој раст на долгот е највисок во регионот, а при тоа ефектите од кризите не беа неутрализирани како во останатите земји од регионот и пошироко.
Инфлацијата беше и сѐ уште е меѓу највисоките во Европа, а економскиот раст и неговата прогноза меѓу најниските во Европа. Кумулативно, за време на оваа влада, јавниот долг од 4,7 милијарди евра се искачи на високи 8,3 милијарди евра во вториот квартал на 2023 година.
Високите суми за камати се одраз и на продолженото високо трошење на оваа влада во услови на раст на каматните стапки. Високите суми за камати за наредниот период покажуваат дека рефинансирањето на долгот којшто го создаде оваа влада ќе биде скапо и неодржливо. Високите суми за камати што ги создаде оваа влада го стеснуваат фискалниот простор за капитални инвестиции, за инвестиции во здравство, образование, за мерки за младите, за пензионерите, за изградба на градинки, студентски домови, автопатишта. Затоа нема пари за пензионерите, затоа ни тоне здравството и образованието. Затоа нема лекови и учебници. Владата нерационално управува со јавните пари и не прави никакво кратење на својот луксуз и коруптивност. Немаше никакво штедење, ама имаше раст на нивните плати. Немаше стоп во вработување на партиска администрација. Немаше стоп во јавни тендери во четири очи. Немаше стоп во шетање во странство на државна сметка. Немаше стоп за сивата економија и фирмите кои не плаќаат даноци. Немаше стоп за сомнителни тендери за РЕК Битола. Затоа мора да има стоп за оваа влада на избори!
извор: ВМРО ДПМНЕ