ВМРО ДПМНЕ: СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000€

0
377

СОЗР и Владата признаа дека во време на криза набавиле кафе за 50.000€. Владата призна дека наместо да воведува антикризни мерки, наместо да штеди и да се грижи за граѓаните, тие ќе пијат кафе по цели денови, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Тотално е неважно дали СОЗР набавува кафе за Ковачевски, Спасовски или Николовски, важно е дека заради нивната неспособност граѓаните трпат сиромаштија.

Луксузот на Владата ја покажува незаинтересираноста и негрижата за граѓаните и државата.

Владата и СОЗР може да кажат исто така дали е поважно да пијат кафе со златни лажички кои исто така ги набавија во време на сериозна криза или пак е поважно граѓаните да имаат да се прехранат.

Едно е јасно, знаеле дека ќе има сериозна економска криза и воопшто не им било важно.

Најважно им било да уживаат во луксузот кој си го ствараат додека се на власт.