More

    ВМРО ДПМНЕ: СДСМ го напаѓа ревизорот од Гази Баба, кој и самите го ангажирале претходно, затоа што најде криминал кај нивен директор

    СДСМ го напаѓа ревизорот од Гази Баба, кој и самите го ангажирале претходно, затоа што најде криминал кај нивен директор. Добри Петров е внатрешен ревизор во општина Гази Баба, кој вршел ревизии и по нарачка на Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општината од редовите на СДСМ. Тогаш СДСМ не најде ништо спорно кај Петров, но сега тој не чини затоа што најде криминал кај директорот на детската градинка Детска радост, поставен од СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото се додава:

    СДСМ го напаѓа градоначалникот Бобан Стефковски и ревизорот, затоа што во ревизорскиот извештај е констатирано дека директорот поставен од СДСМ го надминал за 200.000 денари лимитот од 12.000 евра за слободни набавки, што е дел од Наод бр. 2 од Завршниот ревизорски извештај  за 2021 година.

    Во истиот Ревизорски извештај во Наод бр. 3 е утврдено дека истиот склучил договор со фирмата Сокол Обезбедување ДООЕЛ Скопје и ја надминал сумата за набавка за 9.213 денари.

    Ова се само дел од незаконитостите кои се пронајдени во Ревизорскиот извештај, а направени од кадарот на СДСМ.

    Власта деновиве организирано го брани токму овој криминал.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img