СДС се очајни. Гледаат дека нивниот рејтинг тоне поради неспособноста, криминалот и корупцијата на владата во која партиципираат и затоа манипулираат и обвинуваат други, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Реалноста е дека локалната самоуправа има три пати поголема доверба од граѓаните, отколку Владата.
Реалноста е дека таму каде што СДС раководи општини, ништо не се реализира и ништо не се работи во интерес на граѓаните, а згора на се нема ниту отчет.
Реалноста е дека општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се казнувани од страна на централната власт со кратење на средства и опструкции на проекти.
Реалноста е дека градоначалникот Рамиз Мерко, кој што СДС го поддржа, е единствениот градоначалник од Македонија кој е на црната листа на САД заради мешање во судството и заради корупција и за тоа нема никаква одговорност.
Реалноста е дека СДС губат и затоа мораат да лажат. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано далеку повеќе проекти отколку што тоа го направиле градоначалници од СДС. Граѓаните тоа го гледаат и може да направат разлика. Тоа е причината зошто СДС се нервозни, бидејќи народот во огромно мнозинство бара промени на централната власт и таа промена ќе се случи. Важно е Македонија да оди кон прогресот, а тоа возможно само со промена на оваа Влада на ДУИ и СДС.
извор: ВМРО ДПМНЕ