Кривични пријави за нелегална наплата на паркинг во близина на поликлиниката Бит Пазар

0
106

Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225 и кривично дело „бесправно градење” од чл.244-а од КЗ. На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.

 

 

MVR