Приведени двајца Косовци, криумчареле мигранти од Сирија

На 02.11.2023 околу 01.30 часот на влез во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Г.З.(20) и Д.М.(19), двајцата од Косово. При контрола во возилото „фолксваген туран“ со косовска национална ознака, кое го управува З.Г., а сопатник бил М.Д., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР