(ВИДЕО) Џиновска риба извадена од езерцето кај Градскиот парк во Скопје

0
246

Огромна риба од видот бел толстолобик денеска била извлечена од езерцето во Градскиот парк во Скопје.

Рибата тежела над 15 килограми.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои неколку дена го чистат езерцето, објавија фотографии со рибата на социјалната мрежа Фејсбук и привремено ја ставија во кајак наполнет со вода.