Водата од струшки водовод не е за пиење

0
207

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга соопшти дека водата од градскиот водовод не е за пиење.

Ваквата забрана следува поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.

Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување, стои во информацијата на Јавното претпријатие.