Денеска (04.11.2023) во 16.30 часот на ул.”Охридска” во Битола, Оперативен тим Потраги го лиши од слобода Д.Р.(65) од с.Кривогаштани, прилепско. Тој се барал по 2 централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор во врска со кривични дела по чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години, во врска со чл.252 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во СВР Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа.
MVR