Почина жена вечерва на концертот од Калиопи, поп дивата го прекина концертот

0
272

Македонската пејачка Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата МТС, но на самиот почеток на вечерта се случи драма. Жена, на која и се слоши на почетокот на концертот, почина во салата.

На неименувана жена на возраст од околу 70 години, која на концертот дошла во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана брза помош.

Салата била испразнета за да и помогнат лекарите, наводно била извршена реанимација, но жената починала.

Порталот Република пишува дека полицијата е на лице место и врши увид.

 

 

a1on.mk