Ужас во Босна – Тинејџер заклал шест кучиња, бидејќи едно од нив убило три кокошки

0
142

Во месноста Широки Бријег пред неколку дена, малолетник, брутално убил шест кучиња, пишува Кликс.
Според босаснаските медиуми, момчето има само 14 години.

Причината, наводно, била затоа што едно од кучињата претходно убило три кокошки во соседството.

Од Обвинителството за медиумите велат дека случајот не е пријавен, но ќе се истражува врз носнова на медиумските написи.

„Ќе формираме случај врз основа на натписите од медиумите и ќе го истражиме случајот“, велат од Обвинителството.

Според неофицијални информации, случајот не бил пријавен во полиција бидејќи жртвата е сосед и роднина на семејството на момчето.

 

извор: klix.ba