Утрово најниски теператури се измерени во Берово и на Попова Шапка, а најтопло било во Дојран

Утрово најниски теператури се измерени во Берово -2 и на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, а најтопло било во Дојран 8 степени.

Следат Крива Паланка со 1 степен, 2 во Скопје – Петровец, Маврови Анови, Лазарополе и Струмица, 3 Штип, Крушево, 4 Тетово, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Виница, Куманово и во Дебар, 5 во Скопје – Зајчев Рид и во Охрид и 6 во Претор и Гевгелија.

Како што информира УХМР, за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2) најмногу воден талог е наврнат во Маврови Анови 18, 9 во Тетово и Лазарополе, 8 Попова Шапка, 5 Охрид, 4 Дебар, 3 Крушево, 2 Гевгелија, Дојран и 1 во Скопје – Зајчев Рид, Берово, Виница, Претор.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Извор: МИА