Во Хрватска недостасува работна сила и покрај тоа што работат 12.300 македонци

Поради силниот тренд на депопулација, на Хрватска ќе и недостасуваат стотици илјади работници од сите профили и ќе мора да ги увезува однадвор. Ова го истакна гувернерот на Централната народна банка, Борис Вујчиќ, кој предупреди дека демографските движења се такви што земјата има сериозен пад на бројот на жители во работната група и мора да прибегне кон привлекување нова работна сила од странство.

Во оваа држава, според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, работат 12.300 македонски работници. Најмногу се од БиХ (33.400), потоа Србија (21.800), Непал (18.600) и Индија (12.700).

– На Хрватска ќе и недостигаат дури 400.000 работници, бидејќи многу од нив ќе мора да се увезат преку паметна и добро осмислена политика. Во исто време, земјата мора да се подготви политички и економски за овој факт. Без него економијата нема да расте, а пензискиот и здравствениот фонд ќе бидат доведени во прашање – објави порталот Даница хр.

До крајот на октомври, во Хрватска се издадени или продолжени вкупно 147.300 работни дозволи за странци. Најмногу за градежниот сектор, дури 57.300 дозволи.

 

vesnik.com