Момче во Сјеница загина додека го снимаше својот пријател како вози со голема брзина

0
185

Во тешка сообраќајна несреќа синоќа на улицата Новопазарска во Сјеница, загина Емир Р., а К.Б. бил тешко повреден.

Имено, Емир Р. излегол од автомобилот за да го сними својот пријател К.Б., кој сакал со голема брзина да помине покрај Емир, за да направи видео за социјалните мрежи.

К.Б со голема брзина изгубил контрола над возилото, удрил во Емир кој набрзо по несреќата ја загубил битката за живот. Автомобилот се превртел на покривот и завршил на околу 100 метри од патот, пишува Санџак Данас.