Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер, над 80 километри на час од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура е во интервал од еден до седум, а максималната ќе достигне од три до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до пет, а максималната ќе достигне до девет степени Целзиусови.
Утре ќе се задржи студено време со умерен до засилен северен ветер. Во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.