Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во залив на Хаваи

0
208

Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во залив на Хаваи. Властите соопштија дека сите девет лица во авионот се неповредени. Крајбрежната стража реагираше, а спасувачките операции беа брзо прекинати, потврди офицерот Рајан Фишер, портпарол на крајбрежната стража.

Авионот П-8A ја промаши пистата во базата Канеохе, изјави портпарол на американскиот маринци, Орландо Перез. Фотографијата направена од сведок го покажува авионот како плови во водата веднаш покрај брегот, сцена која потсетува на Чудото на Хадсон од 2009 година, кога комерцијален патнички авион управуван од Чесли „Сали“ Саленбергер принудно слетал на реката во Њујорк. Тогаш преживеале сите 155 луѓе во авионот.

Авионот П-8A и Ербас A320 управуван од Саленбергер се приближно со иста големина, пишува Асошиетед прес. Дајан Диркс и нејзиното семејство штотуку се вратија на пристаништето откако дождливото време го прекина нивното патување со понтонски брод кога нејзината ќерка забележала авион на морнарицата во водата.