Османи: Ако Лавров доаѓа во Скопје, нема да биде во билатерална посета, туку во земја домаќин на ОБСЕ

Кога би било потврдено доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје, тоа нема да значи дека тој доаѓа во билатерална посета на Северна Македонија, туку во земја домаќин на ОБСЕ. Вака денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговори на новинарско прашање во врска со ставот на министерката за одбрана Славјанка Петровска околу доаѓањето на шефот на руската дипломатија во Скопје, на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ.

Како што објасни Османи, „во национален капацитет сме на ист став со министерката, но јас имам друга позиција, јас сум претседавач на ОСБЕ и затоа имам поинаков став“.

Според Османи, уште се договара прелетот за евентуалното доаѓање на руската делегација, а опциите се Бугарија и Грција.

Во однос на позицијата на Киев, тој рече дека очекува секој да се издигне над националната позиција и да ја заштити организацијата.

-Сигурно ќе зборувате со министерката. Во национален капацитет, се разбира, и јас би бил против како министер за надворешни работи. Но, тука рускиот министер за надворешни работи не доаѓа во билатерална посета. Не доаѓа во Северна Македонија, доаѓа во земјата домаќин на ОБСЕ во организација во која тие се членки – земјите учеснички, доколку дојде, повторно. И затоа, во национален капацитет сме на ист став со министерката. Јас има една друга позиција, јас сум претседавач на ОСБЕ и затоа имам поинаков став, напомена Османи.

 

 

 

tv21.mk