Порталот „Пари“ направи анализа и на згаснувањето на фирмите по градови и каков бил тој тренд во минатата година.
Но доколку не сто го прочитале првиот дел од серијалот Анализа 4/4 ви предлагаме да ја прочитате ЗА 6 МЕСЕЦИ 4.874 ФИРМИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТА.. а потоа да се навратите и да продолжите со читање на оваа анализа.
Минатата година, во првите 6 месеци, ТОП 5 градови по згаснати фирми биле: Скопје , Битола , Тетово, Гостивар и Куманово. Годинава, тоа се: Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп.
ТОП 5 ГРАДОВИ ПО ЗГАСНАТИ ФИРМИ ВО ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД 2021 ГОДИНА | БРОЈ | ТОП 5 ГРАДОВИ ПО ЗГАСНАТИ ФИРМИ ВО ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД 2022 ГОДИНА | БРОЈ |
---|---|---|---|
Скопје | 1.935 | Скопје | 1.766 |
Битола | 257 | Тетово | 277 |
Тетово | 235 | Куманово | 220 |
Гостивар | 229 | Гостивар | 200 |
Куманово | 220 | Прилеп | 188 |
Извор: БизнисМрежа.мк
Очкувано, најмногу фирми згаснале таму каде што има и најголема економска активност – во Скопје. Во првите 6 месеци од годинава, во Скопје, клуч на врата ставиле 1.766 фирми, или 36,2 проценти од вкупно згаснатите фирми во овој период. Минатата година пак, за 6 месеци, во престолнината, згаснале 1.935 фирми.
На второ место по згаснати фирми е Тетово. Во 6-те месеци од годинава економската битка ја загубиле 277 компании, а во 2021, истиот период бил погубен за 235 тетовски компании.
Со 220 згаснати компании, Куманово е третиот на неславната листа. Лани, во првите 6 месеци од годината, во Куманово згаснале, верувале или не, ист број на компании – 220!
Во Гостивар, бројот на згаснати фирни е 200. Лани пак, првото полугодие било полошо за гостиварскиот бизнис, згаснале 229 компании.
На петтото место по згаснати компании во првото полугодие годинава е Прилел, со 188 затворени фирми. Лани прилепчани подобро поминале – имало згаснати 166 фирми за 6 месеци.
ТРГОВИЈАТА ОСТАНУВА ДЕЈНОСТ СО НАЈМНОГУ ЗАТВОРАЊА
Анализата на „Пари“ покажува дека и годинава, како и лани, најмногу затворања има во истите сектори: трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање.
И во првото полугодие од 2022 година најмногу затворања, како и во првите 6 месеци од 2021 година има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“. Годинава, во овој сектор згаснале 1.569 фирми, а лани во истиот период – 1.622 фирми.
На второ место лани бил угостителско-хотелиерскиот сектор, а сега е преработувачката индустрија со 584 згаснати компании. Лани, во првите 6 месеци, во преработувачката индустрија згаснале 543 компании.
Годинава угостителско-хотелиерскиот сектор се нашол на третото место на неславната листа на затворени фирми, таму каде што лани беше преработувачката индустрија. Годинава во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ згаснале 515 фирми. Лани во овој сектор згаснале 604 компании.
Градежништвото, и во првото полугодие лани, и годинава, е на 4-тото место по згаснати фирми. Лани биле згаснати 397, а годинава – 359.
Иста пета позиција задржал и секторот транспорт и складирање. Годинава, за 6 месеци во овој сектор згаснале 344 фирми, а лани, во истиот период – 386.
ТОП 5 ДЕЈНОСТИ СО ЗГАСНАТИ ФИРМИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2022
СЕКТОР | ЗГАСНАТИ ФИРМИ |
---|---|
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли | 1.569 |
Преработувачка индустрија | 584 |
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна | 515 |
Градежништво | 359 |
Транспорт и складирање | 344 |
Извор: БизнисМрежа.мк
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/lista-top-gradovi-po-zgasnati-firmi/
ПРОДОЛЖУВА..
Третиот дел од анализата ќе биде објавен на 22.07.2022
извор: „Пари“