Мицкоски ги симна маските на ДПМНЕ и јавно призна дека е за коалиција со Левица, која отворено е против НАТО и ЕУ.
Дали коалицијата ДМПНЕ-Левица ќе почива на вредностите на диктаторот Енвер Хоџа?
Може и Мицкоски следната година да оди да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица.
Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена.
Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата.
извор: СДСМ