Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард, велат од партијата

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на екомонијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонина да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

извор: ВМРО ДПМНЕ