Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница, која претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга која била хоспитализирана на едно од одделенијата.
„Снименото, потоа го објавила на социјални мрежи. Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Инаку„ТикTок-анестезиологот“ кој работеше на Одделението за гинекологија во тетовската Клиничка болница и во живо на социјална мрежа емитуваше пациентки во најранливите периоди од лекувањето, Валтон Дервиши, пред седим месеци беше осуден на 15 месеци затвор.