Сеќавање на 29 Ноември, Ден на Републиката

0
114

29 Ноември ја одбележуваше годишнината од Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година, кога во Јајце беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а денот остана во историјата како датум на создавањето на новата Југославија.

На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.

Овој празник остана официјален во Сојузна Република Југославија сè до ноември 2002 година, кога беше укинат и таму.

А се славеше лудо и незаборавно…

1. Колење свињи

Работничката класа Денот на Републиката го доживуваше како семеен празник. Селаните најчесто го користеа за колење свињи и за семејни прослави. Се стануваше рано, а семејната трпеза беше богата со разновидни вкусни јадења, меѓу кои доминираше печеното, па кога некој ќе ве прашаше „Што ќе имате за 29 Ноември?“, тоа во превод значеше: „Ќе јадеш прасе или јагне?“.

2. Цела недела одмор

Се разбира, овој ден по правило беше неработен и наменет за уживање, а главно имаше и два слободни дена, кои се поврзуваа со викендот, па Југословените уживаа во вистински мини-одмор.

3. Поголем, позначаен и полуд и од Нова година

Денот на Републиката беше позначаен празник од Нова година, прославата се подготвуваше со денови однапред, а немаше човек што не го одбележуваше барем на некаков начин.

4. Задолжителни партизански филмови

Навечер на Првата програма се емитуваше партизански филм, а на втората сплет од ора и танци на народите и народностите.

5. Чесен пионерски

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито“, а неретко децата во тие состави пишуваа дека го сакаат повеќе од мама и тато, без идеја зошто е тоа така. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер, давам чесен пионерски збор дека вредно ќе учам и работам и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина Социјалистичка Федеративна Република Југославија, дека ќе ги развивам братството и единството и идеите за кои се бореше Тито. Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот што сакаат слобода и мир!“