ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски месечно зема плата од над 2500 евра, а на пензионерите и студентите им дава по 1000 денари

Со покачувањето од 78 проценти, Димитар Ковачевски месечно зема плата од над 156.000 денари, односно над 2500 евра, а на пензионерите, студентите и средношколците ќе им дава смешни 1000 денари за месец, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Антикризните мерки на владата на СДС и Ковачевски не значат никаква помош, туку класичен изборен поткуп.

Споредбено само пензионерите и студентите за 7 месеци со помошта на владата ќе земат 7000 денари.

За разлика од нив, Ковачевски за 7 месеци со плата од над 156.000 денари ќе зeма над 1 милион денари.

Владата на СДС и Димитар Ковачевски на граѓаните им ги фрла коските да ги глодаат, додека тој и неговите министри во владата се гоштеваат со бифтеци, морски плодови и пијат скапи пијалоци.

1000 денари не им се доволни ниту на пензионерите, ниту на студентите за да ги купат основните прехранбени производи, а не пак за да имаат пристоен живот.

Ковачевски со таканаречената помош се обидува да ги поткупи граѓаните пред избори. Ковачевски повторно ги потценува и пензионерите и студентите.

Наместо достоинствено покачување на пензиите, платите, стипендиите и студентскиот оброк, владата на СДС и Ковачевски им дава трошки на граѓаните.

Ковачевски не ја знае маката на граѓаните, бидејќи неговата плата е доволна за луксузен живот, додека пензионерите и студентите едвај преживуваат.

СДС и Ковачевски се свесни дека мандатот им завршува и во паника и очај се обидуваат да ги поткупат граѓаните.

СДС и Ковачевски се прочитани од граѓаните. Граѓаните знаат дека ова е само обид за предизборен поткуп, и нема да им дозволат на СДС и Ковачевски да владеат уште 4 години.

Многу набрзо од ден доаѓаат промените.

Пензионерите заслужуваат достоинствени и повисоки пензии!, се вели во соопштението на партијата.

извор: ВМРО ДПМНЕ