Хорор во близина на познато летувалиште во Турција – Убиена руска манекенка и нејзината 15 годишна ќерка

Руската манекенка Ирина Двизова (42) и нејзината ќерка Дијана (15) беа убиени, а нивните тела беа пронајдени завиткани во чаршафи во близина на популарното турско летувалиште Бодрум.

Откако беа откриени нивните тела, започна меѓународна потрага по осомничениот Андреј Куслевич (45), поранешниот сопруг на Ирина.

Се шпекулира дека убиството може да има врска со спорот за старателството над помладиот син на Ирина. Момчето сега е исчезнато, пишува Дејли Мејл, а полицијата верува дека е со својот татко. Имено, летово Ирина побара од судот да го спречи Куслевич да добие пристап до момчето.
Куслевич бил телохранител на украински бизнисмен, а во Русија се барал поради бегство од притвор, каде што бил приведен за наводна кражба.

Роднините го пријавиле исчезнувањето на Ирина и нејзината ќерка кога долго време не контактирале со нив, а полицијата во нивната вила во Бодрум пронашла крв и машки отпечатоци.
Полицијата ги пронашла телата благодарение на камерите на нивните автомобили.

Постариот син на Ирина, Дејвид (20) изјавил дека неговиот очув ја малтретирал и тепал мајка му, а таа не му дозволувала да се зближи со помалиот син, пренесува Дејли Мејл.