Земјотрес со јачина од 4,8 регистриран во Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција. Земјотресот е регистриран во областа Акчадаг во Малатија.

Според информациите добиени од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), земјотресот се случил во 03:18 часот, со епицентар во областа Акчадаг.

Земјотресот, регистриран на длабочина од седум километри под земја, предизвикал краткорочна загриженост, пренесува „Хабертурк“.