Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“.
Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели. Во лажните пораки се наведува дека споделувањето носи награда од 10.000 денари, што е целосно неточно.
„Макпетрол“ повторно укажува дека е во прашање компјутерска измама која што може да ја загрози безбедноста на корисниците, нивните електронски уреди, лични податоци, но и тие на кои што пораките евентуално би биле препратени.
– Единствени официјални и активни интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk. „Макпетрол Ultra“ е официјален профил на Facebook. Традиционално, „Макпетрол“ секоја година ја организира ВЕРНА наградната игра и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Подвлекуваме дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи сите пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни и на никој начин не се поврзани со „Макпетрол“ – истакнуваат од компанијата.
Наведената лажна наградна игра е пријавена кај надлежните институции.
извор: Макпетрол
фото: Макпетрол