Македонија доби балкански шампион во Теквондо

Викендов во Босна и Херцеговина се одржа балканскот првенство во Теквондо каде македонските репрезентативци се вратија закитени со медали. Теквондо клуб КОРИО како репрезентативци на Македонија испрати тројца кадетски натпреварувачи кои покажаа дека Македонија е земја на спортот и на шампионите.

Михаил Ангелевски, кадет  во категоријата до 61кг забележа четири победи од кои сите рунди завршени предвреме со водство над 12 поени разлика, а во финале го совлада минатогодишниот Европски шампион и со тоа стана наш Балкански шампион.

Александар Ангеловски Кадет -41кг со убедлива победа над противникот Грција пораз од Турција 2-1 го освои третото место!

Ѓорѓиа Анѓелевски изгуби во борба за медал од Албанија но покажа одлична борба.

Секоја чест за момците, покажаа дека Македонија е земај на шампионите. Честитки момци и заедно да славиме уште многу медали.

 

 

sportm.mk