Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините. Земјотресот е регистриран на околу 20 километри од Хинатуан, каде живеат околу 10.000 луѓе.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Според неофицијални информации, некои делови останале без струја.

На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните наведуваат дека земјотресот траел долго и бил исклучително силен.