МВР со детали за сите поднесени кривични пријави против Палески низ годините наназад

0
166

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.

Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, информираат од МВР.