Пијан Македонец предизвика сообраќајка во Истра – со автомобил удрил во автобус полн со патници

Во понеделникот околу 19 часот и 20 минути во полиција во Пажин била пријавена сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус. Несреќата ја предизвикал 41-годишен Македонец кој управувал автомобил под дејство на алкохол.

– Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен државјанин на Македонија управувал автомобил со пулски регистрации на коловозот ДК Бадерна – Пазин под дејство на 1,39 промили алкохол. Возачот не се движел среде обележаната сообраќајна лента, туку слетал надвор од коловозот и удрил во патоказ, по што се вратил на коловозот, каде удрил во автобус, управуван од 45-годишен човек, јавува ПУ Истра.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и уште еден возач на автобус, но никој од учесниците не е повреден.

-Против 41-годишникот се поведува прекршочна постапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додаваат од полицијата.

извор: Курир.мк