Определен притвор од 48 часа и за лицето кое му помогна на Палевски во бегството до Турција

Од Кривичен суд утрово информираат дека и за лицето С.Д. (46) е прифатено барањето на обвинителството за определување на притвор од 48 часа. С.Д. како што објави синоќа министерот Оливер Спасовски, со џип ренџ ровер го превезол првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо од Беглрад до турскиот град Баликесир,а е приведен при враќањето преку граничниот премин Дојран. Судот објави дека 30 дневен притвор е определен за четирите лица кои се приведени и осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Лицето С.Д кое му помогна на Палевски во бегството е всушност негов сопартиец во партијата Десна и според тоа што можеше да се открие преку социјалните мрежи станува збор за Стефан Димковски од Струмица.

Во соопштението на судот за притворот на Димоковски се вели:

„Судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. кој е осомничен за кривичното дело – помагање на сторител во извршено кривично дело од чл. 365 ст. 3 вв ст.1 од КЗ, а заради постење на основите од точка 1 и 3 од став 1 на чл. 165 од ЗКП“.