Семејно насилство во Тетово – жена истепана од сопругот со кого била во бракоразводна постапка

Ноќеска десетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот тетовец М.В., а кој еден час пред тоа во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.