Вработените во „Вашингтон пост“ во Соединетите Американски Држави (САД) стапија во штрајк за прв пат од 1970-тите години, јавува Анадолу.
Околу 700 вработени, скоро една четвртина од вкупната работна сила на весникот со седиште во Вашингтон, одржаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради прекинот на преговорите за договор и очекуваните отпуштања.
Синдикатот „Пост Гилд“ објави дека 18 месеци бил во преговори за договор со раководството на весникот, но раководството „одбило да преговара со добра волја“ и ги прекинало преговорите.
Синдикалните челници истакнаа дека штрајкувале за прв пат по 1970-тите години, а бројот на претплатници на весникот неодамна стагнира.
Бројот на претплатници на „Вашингтон пост“, кој е во сопственост на основачот на Амазон, Џеф Безос, падна од околу три милиони во 2020 година на приближно 2,5 милиони оваа година.
Пети Стоунзифер, привремениот извршен директор на „Вашингтон пост“, во октомври објави дека 240 луѓе ќе бидат отпуштени, наведувајќи ги како причина финансиските потешкотии.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.