Агелер доби награда од Бајден за исклучително лидерство и резултати

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер е една од добитничките на награда од претседателот на САД Џо Бајден за исклучителни услуги на американскиот народ во одреден период.

Наградата Presidential Rank Awards (PRA) се доделува секоја година од страна на претседателот, а за 2023 година, наградени, меѓудругите, се 64 високи членови на службата за надворешни работи на Стејт департментот.

„Овие високи членови се извонредни лидери кои постојано демонстрираат сила, интегритет, индустрија и дадоа значителен придонес во американската влада и во областа на надворешните работи, вклучително и јавната дипломатија и меѓународната трговија и развој“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Во него се вели дека „преку нивното лично однесување и лидерство ориентирано кон резултати, тие заработија висок степен на јавна доверба и доверба“.

Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во Северна Македонија во ноември 2022 година.

Претходно, на сослушувањето за нејзината номинација во Сенатската комисија за надворешни работи, таа најави дека „ќе работам да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери“.

САД оваа недела го ставија на црна листа поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев поради корупција, а санкционитани во изминатиов период беа и Орце Камчев, Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко, Рамис Мерко, Сашо Мијалков и Никола Груевски.

 

 

VOA