Палевски 12 дена пред убиството поднел инцијатива за референдум до собранието – еве го референдумското прашање…

На собраниската седница број 135 закажана за 22 декември, ставена е точка за расправа по Иницијатива на овластениот предлагач Љупчо Палевски, за референдум за Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2017 година, објави СДК.МК.

NEWS1.MK дознава дека Палевски во својата иницијатива го дефинирал и референдумското прашање, а тоа е: Дали сте за поништување на договорот за пријателство со Бугарија?

Осомничениот за грабнување и убиство на деветтооделенката Вања Ѓорчевска, како и претходно на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, иницијативата до Собранието ја поднел 12 дена пред убиството. Датумот на приемот на Предлогот за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво е 15 ноември, а свирепото убиство на девојчето е на 27 ноември во 10 часот. Жежовски беше убиен на 22 ноември.