За време на операција против наркотици во Албанија, запленети се 500 килограми наркотично средство од типот канабис сатива, а 7 лица се приведени. Според информациите што ги објавија албанските власти, наркотичните средства биле спакувани за транспортирање во Туркије, пренесува Анадолу.
Директорот на локалната полициска управа во Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција истакна дека од интензивните увиди спроведени во рамки на оваа акција произлегува дека приведените граѓани организирано делувале во трговија со канабис сатива кон турската држава преку морски патишта.
„Истрагите покажаа дека некои граѓани, организирани како група, вршеле криминални активности за производство и шверц на наркотици и се подготвувале преку морската граница да пренесат поголемо количество наркотично средство од типот канабис, со цел трговија во Туркије“, нагласи Мучај.
Во полициската операција за борба против наркотици, именувана како „Ресет“, приведени се 7 албански државјани, а се трага и по неколку други државјани, жители на Валона и Тирана.
Според полицијата, при проверките се запленети 34 пакувања со различни големини канабис сатива, со вкупна тежина од 500 килограми.
Извор: Анадолу.
фото: Анадолу.