Недоследноста на Законот за Влада во однос на формирање на техничкиот кабинет со Уставот, во однос на тоа кој треба да добие мандат за состав на влада создаде забуна дали најаватa дека ДУИ дека ќе го номинира Талат џафери за премиер е законска. Законот за влада предвудува премиерот да го предложи пратијата со најмногу пратеници, во случајов СДСМ, а не ДУИ, објави АЛФА.
-Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, се вели во член 43 од Законот за Влада.
Спротивно на ова Уставот мандатот за составот на новата Влада треба да го добие партијата или пак коалицијата што има најмногу пратеници во Собранието. Токму на ова се повикуваат и премиерот Коавечвски и спикерот Џафери.
-И денес и претходната Влада е коалициска Влада, и ако го погледнете мандатот кој што го доделува претседателот на државата, тој го доделува на коалиција која што има 61 најмалку пратеник во Собранието и така мандатот се доделува на оние кои што имаат 61 пратеник, изјави Ковачевски.