Повеќе од 180 луѓе крстени во Источната Танзанија

Црквата посветена на св. Арсениј Кападокиски и Св. Пајсиј Светогорец во Морогоро, Источна Танзанија стана место за масовна крштевка. Повеќе од 180 луѓе, меѓу кои и 12 поранешни муслимани, примија свето крштение од раката на митрополитот Димитриј Иринуполски (Александриска Патријаршија) и останатите присутни свештеници кои зедоа удел во овој свет чин. Ваква масовна крштевка е дел од традицијата на Православната Црква во Танзанија, што се случува секоја година пред Божиќ, еве веќе 19 години. Од 2004 година до сега, митрополитот Димитриј има крстено повеќе од 60.000 луѓе во Танзанија. Чинот беше проследен и со Божествена Литургија на која новокрстените за прв пат го примија пречистото тело и чесната крв на Спасителот.

Според сведоштвото на свештениците, „радоста на новокрстените, меѓу кои и муслиманите, беше навистина трогателна, нивните лица зрачеа од благодат и силна вера. Со солзи тие го прославија нивното влегување во православното семејство на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“.

Масовните крштевки се честа појава насекаде низ Африка. Така неколку десетици Кенијци исто така примија масовно крштевање и станаа Православни Христијани. Имено 46 луѓе од областа на Кииси во Кенија беа крстени во парохијата на апостол Петар. Крштевањето го извршија четири свештеници.

 

 

Бигорски манастир